Баричело е близу до постигнување договорот со Вилијамс за 2010 година, во потег што би можело да се дефинира како размена на возачките места со Нико Розберг. Откако во последниот дел на оваа сезона тој ја воскресна својата Формула 1 кариера, Баричело е подготвен да го продолжи својот престој за барем уште една година.
Иако неговите настапи за Браун Гп не беа доволни за да се гарантира неговата иднина во тимот, а со посакувањето на Розберг во тимот од Brackley, се верува дека тимот на Вилијамс е подготвен да потпише договор со Баричело, поради неговото огромно искуство и во последно време и брзина.
Вилијамс се очекува да потпише договор со рукито Нико Хулкенберг, па тимот своето второ место би го дал на еден искусен лидер на тимот, кој би им помогнал во развојот на болидот и на својот тимски колега. Се шпекулира дека Баричело неодамна ја посетил фабриката на Вилијамс во Гроув, за да разговара за плановите за следната година, и се трврди дека веќе е постигнат договор или е многу блиску до склучување.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment