Нема сомнение дека 50-те членови на Рено Ф1 тимот можеа да воздивнат со дадената шанса да бидат во Сингапур. Поради аферата на Флавио и Нелсон наречена 'Crashgate' тие беа вистински загрижени за своите работни места, иднината и хипотеки за отплаќање, за нив и другите 500 вработени во Enstone и Viry-Chatillon.
На друго место, Мохамед Бен Сулајем, претседателот на Авто-Мото сојузот на Обединетите Арапски Емирати и спомнуван како иден Потпретседател на ФИА, ако победи Жан Тод, беше цитиран како вели дека пресудата била разработени пред сослушувањето во Париз и дека резултатот е добар. Некои беа незадоволни од одлуката, но мора да знаеме дека не му се судеше на Рено, па така одлуката не е изненадувачка. Во услови на сегашната клима, зачувувањето на Рено во Ф1 е добра одлука.
Кога ќе се разгледаат преку 90-те страници издадени од страна на ФИА со докази релевантни за сослушувањето во Париз, станува јасно дека тие се непобитен доказ против Нелсон Пике јуниор и Пет Симондс. Но, сепак, имунитетот им беше понудени на двајцата нив во замена за сведочење против други што се вклучени во оваа афера т.е. Бријаторе. Некои сметаат дека е чудно што им беше понуден имунитет на оние докажано виновни, а се со цел да се осудни некој кој би можел да биде виновен. Но, при како и при секои договарања се пуштаат малите рипки, да се фатат поголемите.
Во Монца пред неколку недели, во саботата, Патрик Хед рекол дека аферата 'crashgate' е многу голема работа, и дека ФИА треба ригорозно да го казни Рено. Тој пукаше од сите оружја кон Рено, а заборави дека Вилијамс ги брка V8 моторите на Рено за 2010 година?
Но, следниот ден изгледа некој го има потсетено за тоа па пред новинарите во неформален разговор изјавил. "Знаете, јас понекогаш си викам самиот на себе, Патрик, зошто не ја држиш устата затворена ..."
Во документите на ФИА со докази во врска со аферата на Рено, има писмо до членовите Светскиот Совет за Мото-Спорт од Сер Френк Вилијамс, каде тој вели дека не е негова работа да се меша и истакнува дека не го одобрува однесувањето кое донесе лоша репутација на овој спорт, меѓутоа, додава тој, би сакал да дадам до знаење на Советот дека за настаните од Септември 2008 година, ако се докажат, не може да се обвини тимот на Рено. Ја познавам оваа компанијата и нивниот исклучително добар оддел за моторспорт од 1989 година, и јас не верувам дека некогаш би одобриле некое неспортско, нефер однесување. Покрај тоа, се знае дека Рено е познат учесник во F1 многу години. Секоја акција што ќе ја загрози иднината на Рено во Ф1 ќе биде казна не само за Рено, туку и за сите учесници во нашиот спорт, како и на навивачите кои го следат него. Со почит... и така натаму. Сите бараа и П.С. во тоа писмо "Ни треба мотор!" но немаше такво нешто :).
Шега настрана, сите во кулоарите на Ф1 го делеа мислењето на Френк. Никој не сакаше да ја види Ф1 без тимот на Рено. Како што знаеме и Фернандо Алонсо го посвети својот финиш на подиум на Флавио. Во Сингапур Рено ги изгуби своите два најголеми спонзори, компанијата ИНГ и осигурителната компанија Mutua Madrilena, која се повлече со објаснување дека една компанија за осигурување не може да си дозволи да финасира тим кој исконструирал намерен судир...
За време на одржувањето на оваа прес-конференција, мониторите покажале болид на Рено, оштетен на патеката. Новинарте си помисле: Колку веќе пати ќе го гледаме судирот на Нелсон Пике? Но, чекајте. Надвор не е темница. Болидот е многу помалку оштетен отколку што треба да биде. Ова е во живо! Тоа се случува сега на слободниот тренинг! Тоа е Грожјан. И тоа пак е кривината 17! Сигурно не... Сите во прес собата се насмеаа. "Нелсињо ете како се прави тоа без целосно да се уништи болидот!".
Кога сме кај Нелсињо, се шпекулира дека никогаш нема да прозбореше јавно ако немаше стратегија за излез од оваа ситуација. Нелсон Сениор отсекогаш бил близок со Берни, а и семејство има пари зад себе. Тоа, и фактот од најмалку три нови Ф1 тимови следната година, можеби би било наивно да се мисли дека Пике дефинитивно нема да биде следната година во Ф1. За Бријаторе сите сметаат дека неограничената забрана беше премногу остра казна и дека тој треба да поднесе жалба.
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
01 October 2009
РЕАКЦИИ ПО КАЗНИТЕ ЗА РЕНО ТИМОТ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment