НИК ФРАЈ: ШУМАХЕР НЕ ЗГРЕШИ СО ВРАЌАЊЕТО ВО Ф1 - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

17 March 2010

НИК ФРАЈ: ШУМАХЕР НЕ ЗГРЕШИ СО ВРАЌАЊЕТО ВО Ф1

Ник Фрај и Норбет Хауг, Мерцедес ГП

Извршниот директор на Мерцедес ГП тимот изјави дека не гледа причини кои укажуваат на тоа дека Михаел Шумахер има проблеми со адаптација на сегашната генерација на Формула 1 болиди и гуми, и смета дека Мерцедес ГП мора да ја подобри брзината за да им се овозможи на возачите да започнат со освојување места на подиумот.

Шумахер на својот камбек во Ф1 минатиот викенд имаше просечни резултати со седмото место на квалификациите и шесто во трката. Беше малку побавен од тимскиот колега Нико Розберг во текот на викендот. Фрај ги негираше тврдењата дека Шумахер не се снаоѓа со измената на предните гуми, т.е. нивното намалување, што не одговарало на неговиот стил на возење.

"Слушајќи ги дискусиите што се одвиваат во тимот, јас, всушност, не открив некоја голема разлика во повратните информации помеѓу него и Нико. Мислам дека тие двајцата знаат што сакаат да направат за подобрување на болидот, и мислам дека тие се доследни во своите ставови. Немам ништо слушнато што посебно се однесува за Михаел. Охрабрувачки е тоа што тие имаат листа на задачи што треба да ги извршиме. "

"Јас бев импресиониран со неверојатниот пристап на Нико од моментот кога дозна дека Михаел ќе се приклучи на тимот ", изјави тој. "Се чини дека не се уплаши од таа вест. Тој е вистински професионалец и иако понекогаш се чини како фокусот е на Михаел, тој не изгледа дека се грижи околу тие работи. Тој има своја работа и си ја следи неговата програма. Викендов покажа дека е брз и мислам дека ќе продолжи да се подобрува."

Фрај е убеден дека комбинацијата Розберг, Шумахер и тимскиот шеф Рос Браун ќе осигури Мерцедес брзо да го премости јазот со водечките тимови.

"Рос гледа дека има голем број на области каде што може да работи со Нико, не само да се подобри болидот, туку, исто така да го подобри и своите лични перформанси. Многу сум охрабрен. Мислам дека имаме добар тим, возачите се чини дека работат заедно и мислам дека ние заминуваме од Бахреин знаејќи дека имаме работа што треба да се направи, но далеку од тоа дека сме разочарани. Имаме голем потенцијал и тоа е она што е важно. Ова ќе биде долга сезона, и јас целосно верувам дека имаме луѓе и опрема, а се тоа под водство на Рос ќе ни донесе успех на крајот на сезоната."
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here