БЕРНИ: ПРАВИЛАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВААТ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

18 March 2010

БЕРНИ: ПРАВИЛАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВААТ

Берни Екелстон изјави дека Формула 1 ќе треба да научи да живеее со овие правила. По трката во Бахреин многу луѓе бараат итна промена на Ф1 регулативата. Некои се прашуваат зошто тимовите имаат различни опции на гуми, можеби само со помеки гуми ќе бидат принудени да застануваат двапати во боксовите. Ред Бул предложи да се воведат две задолжителни застанувања. Повторното надолевање на гориво не доаѓа во предвид поради дизајнот на болидите за 2010 година.

Берни призна дека правилата не може да се менуваат.

"Ние не можеме да ги промениме правилата", изјави Британецот за германскиот весник Билд Цајтунг. "Тоа би траело долго време и ќе биде многу тешко. Ф1 сега е демократија. Тимовите ги изгласаа овие правила, па сега тие се оние што мора да се прилагодуваат."
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here