ЏЕНСОН БАТОН, ПОБЕДНИК НА АВСТРАЛИЈА ГП:"Одлуката, која ми ја донесе оваа победа, да се префрлам на мазни гуми толку рано беше лично моја, но со многу повратни информации од тимот за патеката. Им се заблагодарувам на сите од нашиот тим за добро завршената работа. Мислам дека е многу полесно возачите да ги почувствуват условите на патеката, отколку тимовите во контролниот центар. Тие може да видат облаци кои доаѓаат, да се базираат на времеската прогноза, но ние возачите можеме да ја почувствуваме патеката. Со интермедиа гумите немав добар баланс, па помислив да се обидам со гумите за суво. Имаше една сува линија, но на неколку места беше влажно. При излезот од боксот помислив дека направив катастрофална одлука, поради тоа што патеката во боксот беше доста влажна, но кога излегов на патеката се беше прилично добро. Искористив неколку брзи кругови и поминав неколку болиди пред мене."
"Се покажа дека тоа беше вистинска одлука, и јас сум многу среќен што го направив тоа. Оваа победа за мене е многу посебна. Тоа е тешко да се опише со зборови, тоа е многу посебно чувство. Полн сум со самодоверба и се надевам дека и на следната трка ќе можеме да го повториме ова што го направивме денес. Добро е да се види кога напорната работа е наградена и со добар резултат. "
РОБЕРТ КУБИЦА, 2 МЕСТО:"Да бидам искрен, ние не очекувавме да ја завршиме трката на подиумот, за Рено и мене ова е многу посебен резултат. Ова е голема победа за нас благодарение на сите момци од тимот.
Но, ние мора да бидеме реални, со нашето темпо нема да завршиме на подиумот во нормална трка. Ние мора да продолжиме да вршиме притисок и јас сум сигурен дека ќе успееме порано или подоцна да дојдеме до посакуваното темпо.
"На почетокот на трката тешко се справувавме со загревањето на гумите, па кога видовме дека Батон е брз на гуми за суво време, ние решивме да ги смениме, и тоа во ист круг како и Фелипе. Тимот направи фантастична работа, успеавме да го престигнеме Фелипе во пит-стопот, но Батон беше многу побрз, поради тоа што ги смени гумите со еден или два круга претходно, па неговите гуми ја имаа постигнато работната температура. Борбата со него беше тешка. По одредено време помислив дека би било добро да ги смениме гумите повторно, поради што имавме голема деградација, а го имав Луис зад мене и ме напаѓаше, но тогаш тој одлучи да се влезе во бокс. Тимот реши дека е подобро ако можеме да успее да ја завршиме трката без и ние да го направиме тоа. После тоа само се надевав дека со добра брзина да го задржам второто место до крајот."
ФЕЛИПЕ МАСА, 3-ТО МЕСТО:"Iмав фантастичeн старт на трката, без пролизгување на тркалата, и видов покрај мене многу болиди, особено тие на Фернандо и Вебер, како имаат проблеми со пролизгувањето. Јас имав прилично добар старт и ги поминав нив на многу добар начин. Бев среќен со стартот, но целата трка беше многу тешка, беше многу лизгаво и низок грип насекаде по патеката. Мојот најдобар резултат во Австралија беше шесто место, а во 2007 година имав проблеми во квалификациите и стартував последен. Ова не е најдобра патека за мене во поглед на темпото, а ние загубивме и неколку позиции во пит-стоп и некои мои грешки , па третото место е фантастично за мене. Тимот направи фантастична работа денес и среќен сум што завршив на третото место во вака тешка трка."
___________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment