Хирохиде Хамашима, директор на одделот за развој на спортски гуми:"Сепанг е релативно тешка стаза за гумите, бидејќи има многу различни видови на кривини и две тешки зони на сопирање по долги правци. Тоа значи дека енергијата што ќе поминува низ гумите во текот на еден круг е значителна. Возачите ќе треба да бидат внимателни и да не ги блокираат тркалата при кочење, особено на почетокот кога тие се наполнети со гориво, а гумите не се загреани. Делот помеѓу кривините седум и единаесет е многу важен на оваа трка, и тука може да се процени кој има најдобро подесена конфигурација на болидот. Да се биде добар во овој дел е од клучно значење за добар настап на Сепанг. Високите температури обично се фактор во Малезија и тоа би можело да значи повеќе деградација на гумите отколку што сум ја видел досега оваа година, со оглед на суровоста на патеката. Минатата година покажа дека никогаш не знаете што да очекувате во Малезија."
______________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment