ПРЕД 2010 БАХРЕИН ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕКЛАРЕН - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

08 March 2010

ПРЕД 2010 БАХРЕИН ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕКЛАРЕН


МЕКЛАРЕН

Џенсон Батон: Со нетрпение очекувам да седнам во мојот болид, петок во Бахреин знаејќи дека сум светски шампион. Тоа е одговорност и чест, но тоа е нешто во што ќе уживам колку што можам повеќе. Не сакам да изгубам овој бројот од мојот болид! Зимава имав неверојатно искуство за учење, се приклучив на Водафон Мекларен Мерцедес и со тоа си го обезбедив точно оној вид на предизвик што ми беше потребен. Напорно работам со тимот, моите инженери, учам се за боидот за да се осигурам дека стартот на сезоната во Бахреин ќе биде во најдобра можна форма. Дури и по четири недели на тестирање неверојатно е тешко да се предвиди кој ќе биде најдобар пред започнувањето на новата сезона. Има голем број на тимови и возачи кои се чини дека траба да се победат, но како и секој почетокот на нова сезона, првата трка ќе ни покаже кој ќе биде тимот што треба да се победи. Никогаш не сум познат по работа со тимот, но во текот на оваа зима мислам дека поминав повеќе време со моите инженери, отколку било која од предходните сезони. Се чувствувам многу удобно и суеверено за моите подготовки, па во Бахреин ќе атакувам на победа.

Луис Хамилтон: Не можам да верувам дека зимата помина, ми се чини како вчера да се тркав во Абу Даби. Ова за мене беше зима поделена на два дела: пред Божиќ, кога бев фокусиран на мојата физичка спремност, со цел да бидам што е можно подобро подготвен за новата сезона. Од јануари пак, целосно се фокусирав на работата со тимот, тестирање на болидот, со цел подобрување на нашиот пакет пред првата трка на сезоната. Завршивме огромна работа. Работењето со Џенсон и инженерите беше фантастично, и дадовме се од себе за да се подобри MP4-25, и ние сме многу задоволни со напредокот што е направен и од насока во која се движиме. Мислам дека имаме многу ветувачки болид и мислам дека неговите можности се огромни. Сепак сите овие претпоставки треба да ги докажеме во Бахреин,а јас знам дека сум подготвен да се тркам.
_________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here