ПРЕД 2010 БАХРЕИН ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕРЦЕДЕС - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

08 March 2010

ПРЕД 2010 БАХРЕИН ГП: ОЦЕНКИ ОД МЕРЦЕДЕС

МЕРЦЕДЕС ГП ПЕТРОНАС

Михаел Шумахер:
Сезоната започнува! Се чувствувам како дете кое нестрпливо го очекува Божиќ. Одлуката да се вратам во Ф1 ја чувствувам како многу одамна да беше донесена и сега едвај чекам да започне сезоната со трката во Бахреин. Кога само ќе помислам дека до пред неколку месеци јас категорично би ја одбил можноста да се натпреварувам повторно во Ф1, а сега?. Но, понекогаш работите се менуваат. Јас сум физички подготвен и најважно е што мојата енергија се врати назад целосно. Кога се повлеков од трките во 2006 година батерии едноставно ми беа празни. Сега тие се целосно наполнети и јас сум подготвен за предизвикот. Натпревари на највисоко ниво, тоа само Формула 1 го нуди, а тоа е големо искушение за мене.

Секогаш е тешко да се предвиди формата во пред-сезонските тест сесии, оваа година, повеќе од кога било, но завршниот тест во Барселона ни покажа дека треба да бидеме конкурентни. Ќе имаме уште нови надградби во Бахреин, кои треба да донесат екстра перформанси на болидот. Важно е да се биде меѓу водечките тимови од почетокот на сезоната. Јас сум убеден дека ние ќе бидеме таму.

Нико Розберг:
Почетокот на нова сезона во Формула 1 секогаш е возбудливо време, особено кога имате нов тим и сосема нов болид за возење. Процесот на интегрирање во Mерцедес ГП Петронас помина многу добро. Сите беа многу срдечни и јас веќе се чувствувам како дома. Нашата зацртана програма за тестирање на болидот помина прилично добро. На почетокот имавме некои проблеми, не можевме да се пронајдеме вистинската насока да го извлечеме максималниот потенцијалот од болидот, но со напорна работа тестирањето го завршивме на високо ниво. Исто така, имаме добри надградби за Бахреин, кои треба да го подобрат болидот уште повеќе. Јас сум многу голем оптимист дека ќе поминеме добро на првата трка. Бахреин е една патека каде што јас навистина уживам, па тоа треба да биде добар почеток на сезоната.

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here