Ред Бул атакува шеста Пол позиција по ред оваа сезона, рекордот го има Мекларен, кој во 1998 година, на освои осум Пол Позиции по ред.
ВОЗАЧИ
• Џенсон Батон е победникот од минатата година, стартувајќи од Пол Позицијата, а завршил на второто место зад Јарно Трули во 2004 година. Тој овде има можност да ја искористи својата способност да ги штеди гумите. Минатата година тој беше еден од последните возачи кои влезе во бокс и се стекна со одлучувачка предност во однос на неговите ривали.
• Луис Хамилтон беше втор во дебитантската година, зад Фернандо Алонсо, а потоа ја освои во 2008 година. Минатата година поради грешка во квалификациите беше на задниот дел на стартната листа и тој ја заврши трката како 12-ти.
• Михаел Шумахер е втор по победи во ова Кнежество, пред него е само Аиртон Сена(6 победи наспрема 5), но неговите последни посети на Монако не беа баш најдобри. Во 2004 имаше контакт со Хуан Пабло Монтоја, во 2005 имаше контакт со болид на Минарди, а во 2006 година неславниот "Rascasse" инцидент во квалификациите го испрати на крајот на стартната листа.
• Нико Розберг со шестото место минатата година го освои својот прв поен во Монако во својата четврта трка, после две откажувања и едно 12-то место. Во квалификациите секогаш се квалификувал помеѓу петтото и осмото место.
• Себастијан Ветел се искачи од 19-тото до 5-тото место во трката зачинета со дожд во 2008-та година, но минатата направи грешка и ја заврши својата трка во бариерите.
• Марк Вебер својот прв пласман на подиумот во Ф1 го имаше во Монако во 2005 година, а во последните две трки беше четврти и петти. Најдобар пласман во квалификациите му е второто место во 2006 година.
• Фелипе Маса лани беше четврти зад тимскиот колега Кими Раиконен. Тој имаше Пол Позиција во 2008 година и го постави најбрзиот круг минатата година. Во 2008 година, тој беше во позиција да победи на трката, но неколкуте грешки и погрешната стратегија го сторија своето.
• Фернандо Алонсо Победи во Монако во 2006 и 2007 година, при тоа стартувајќи од Пол Позиција и во двата случаи. Тоа се и едиствените негови пласмани на подиумот во Монако.
• Рубенс Баричело викендов ќе стане првиот човек кој започнал 18 трки во Монако, поставувајќи нов рекорд што досега го делеше со Рикардо Патрезе и Грахам Хил. Рубенс се искачи на подиумот тука пет пати, четири од нив се втори места, а неговиот најдобар резултат во квалификациите е минатата година со третото место.
• Роберт Кубица возеа во својата прва трка во Монако беше петти, тоа беше 2007 година, а во 2008 во трката со дожд беше втор зад Хамилтон. Минатата година беше катастрофа, тој се квалификуваше само 17-ти, и не ја заврши трката поради проблеми со кочниците.
• Витантони Лиуци не завршил две трки од три старта, а во 2006 година беше 10-ти.
• Јарно Трули ја освои Пол Позицијата овде во 2004 година, а потоа и Победи на трката. Тоа е единствената негова победа од 220 настапи. Оттогаш негов најдобар резултат е 10-то место, а во последните две изданија тој завршил 13-ти.
• Хеики Ковалаинен има само еден поен тука, со осмото место во 2008 година.
• Тимо Глок имаше пласман на подиумот во 2007 година, и тоа трето место.
ТИМОВИ
• Мекларен е најуспешниот тим во Монако, со 15 победи, пет во последните 10 години.
• Ферари има најголем број пласмани на подиумот во Монако од било кој друг тим (46 наспрема Мекларен 25), но Ферари не ја победил во Монте Карло од 2001 година.
• Лотус брои седум победи во Монако, последната во 1987 година, со Аиртон Сена. Тоа беше, исто така, последна трка во која Лотус освојувал поени во Кнежество.
• Ред Бул го имаше својот прв пласман на подиум тука во 2006 година со Дејвид Култхард.
• Рено има победено два пати во Монако, во 2004 година со Трули и во 2006 година со Алонсо.
• Торо Росо најдобриот пласман го имаат во 2008 година со петтото место на Ветел во влажна трка. Себастијан Бурде заврши во поени минатата година, осмо место.
• Вилијамс успеа да освои поени овде, во последните три изданија, иако својата последна победа во Монако е во 2003 година со Хуан Пабло Монтоја.
_____________________________________________________________________________________________________________________
15 May 2010
2010 МОНАКО ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Tags
# ВЕСТИ
# СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
About MkFormula1
СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Labels:
ВЕСТИ,
СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here

No comments:
Post a Comment