Фернандо Алонсо:
"Мислам дека сигурно ова е патека каде ќе треба да добие самодовербата што е можно побрзо. Потребно е да се чувствувате добро во болидот за да се зголеми неговиот потенцијал, и за нас е многу добро што започнавме на добар начин, па сега не треба да се паничи и да се бараат целосно нови подесувања на болидот и да се надевате на чудо за во саботата. Треба само континуитет во подесувањата и успехот не ви бега. Мислам дека имаме многу добар болид од почеток и болид што беше многу лесно да се вози.
"Фелипе и јас бевме задоволни со нашите постигнувања на слободните тренинзи, но знаеме дека квалификациите ќе бидат со многу блиски времиња, како што впрочем и видовме во вчера. Во растојание од три десетинки се седум или осум болиди, па не можеме да си дозволиме грешки на од страна на возачот или подесувањето на болидот. "
"Мислам дека ние можеби сме малку подобри во споредба со Барселона, и се надевам дека ние не сме една секунда зад тимот на Ред Бул. Ќе треба да се почека до утре. Видовме некои добри петочни тренинзи од нас и од Мекларен, а потоа во сабота Ред Бул ја добиваше Пол Позицијата многу лесно. Значи ние треба да бидеме паметни и да направиме добра работа уште утре. Ако не лесно може да завршиме шести или седми."
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment