Хауг и Заубер: На потег е менаџментот на Ред Бул - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

03 June 2010

Хауг и Заубер: На потег е менаџментот на Ред Бул

Вебер и Ветел во акција

За шефот на Мерцедес ГП, Норберт Хауг, судирот меѓу Себастијан Ветел и Марк Вебер е "ноќна мора" за тимот на Ред Бул.

"Ако ви се случи тоа во борба за петто и шесто место, тој судир е поинаков од тоа ако тој се случи кога сте на првата и втората. Ние еднаш имавме нешто слично со Култхард и Хакинен, кој се изврте на А1-Ринг во Австрија, но тоа не е ништо во споредба со ова што им се случи на тимот на Ред Бул. Тоа е "ноќна мора", тоа е она што не сакаш никогаш да се случи."

"Исходот од целата ситуација ќе зависи многу од тоа колку е способно раководството на тимот. Имам мое гледање на овој инцидент, како се случи тоа. Мислам дека тие треба да ја средат целата ситација што е можно побрзо."

Петер Заубер, сопственикот на БМВ Заубер се согласува со Хауг, но мисли дека ни еден од возачите не е виновен, но сега од аспект на директорот на тимот ова е многу тешка ситуација.

"Имаа два болиди на првите две позиции, и мислам дека под нормални околности тие ќе завршеа со 1-2 победа. Сега на потег е раководството на тимот кои ги очекува тешко време. Можеби овие ситуации се интересни за гледачите и медиумите, како и за шампионатот. Од надвор е добро, но не и за раководството на тимот."
________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here