"С.... СЕ СЛУЧУВААТ "
Од тимот на Ред Бул стигна експресна реакција, во денешното соопштение велат дека е подвлечена линија по судирот помеѓу Себастијан Ветел и Марк Вебер во Турција по состанокот одржан во нивната фабрика во Milton Keynes. Двајцата возачи се состанаа со Тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, нивниот дизајнер Адријан Њуи и консултантантот Хелмут Марко.
"Тоа беше позитивен состанок, кој подвлече линија под инцидентот што се случи на Турското Гран При. Тимот сега е целосно фокусиран на трката во Канада следната недела", се вели во соопштението на Ред Бул тимот.
"Тимот беше на висина на својата задача и не донесе до многу добра позиција на трката и тоа што се случи не беше добро за нив. Жал ми е за нив што го загубивме водството на трката. Марк и јас сме тркачи и едноставно се тркавме. Ние сме професионалци и овој инцидент нема да ја промени нашата заедничка работа во иднина. Имаме голем тим и моралот во него е на високо ниво. Со нетрпение ја очекувам трката во Канада.", рече Ветел.
Вебер додаде: "Тоа беше штета за тимот, тоа што ние изгубивме една добра можност да победиме на трката. Тоа е мотоспортот и овие работи понекогаш се случуваат. Жалам за сите во Ред Бул, во фабриката и сите вклучени. Себ и Јас ќе дадеме се од себе тоа да не се случи повторно, и ќе продолжиме да работиме заедно, како и до сега. Мислам дека доволно се зборуваше за овој инцидент, тоа е зад нас, и јас сум фокусиран на трката во Канада следната недела."
__________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment