Михаел Шумахер призна дека тој и Мерцедес мора да се соочат со своите проблеми, со цел да се спаси тековната сезона.
"Ние мора да се соочиме со фактот дека бевме побавни во Валенсија отколку што се надевавме дека ќе бидеме, па сега е тешко да се предвиди како ќе се однесува нашиот болид на Британското ГП. Нашето темпо во трка е доста ветувачко, но нашата брзината во квалификациите се уште не е идеална , што мислам дека е последица на тоа што не ја разбираме целосната слика за гумите. Тоа е нешто на што ние ќе продолжиме да работиме поинтензивно. "
Мерцедесот во Валенсија користеше надграден дифузер, сличен на оној што се користи на болидот на Ред Бул досега оваа сезона, а директорот на тимот Рос Браун смета дека тој ќе почне да ја покажува својата вистинска сила во следните трки.
"Тимот немаше баш ветувачки перформанси во текот на неодамнешните викенди во Монтреал и Валенсија, но ние ја задржавме нашата мотивација и работиме напорно за да ги подобриме нашите перформанси и максимизираме потенцијалот на нашите најнови надградби. Тоа е долг и тежок пат напред, но ние сме убедени дека ќе ја оствариме нашата цел. "
________________________________________________________________________________________________________________________________
04 July 2010
Михаел Шумахер: Однесувањето на гумите ни е ноќна мора
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here

No comments:
Post a Comment