Шефот на Ферари, Стефано Доменикали, во интервјуто со него објавено на официјалниот нивни веб сајт, вели дека клучно за неговиот тим е да победи во следните три трки, пред почетокот на летната пауза во Формула 1 шампионатот:"Сигурно е дека тоа е многу важно. Тоа ќе биде од суштинско значење за шампионатот, за мотивација, и мислам дека тоа е вистинската цел пред летната пауза, да се има добар резултат што нашиот тим го заслужува. Ние сметаме дека стапката на развој ќе биде клучна за оваа година. Ние имавме разумен чекор напред во Валенсија, и ние ќе направиме уште еден, сигурно помал за Силверстоун, во делот на предните и задните спојлери. Наредниот пакет е во Германија, нов пакет во Унгарија, а потоа ќе видиме."
"Ние знаеме дека за жал во последните две трки не ги добивме резултатите кои што ги посакувавме. Перформансите беа тука, но резултатот не. Иако знаеме дека Силверстоун е патека што традиционално не поминуваме многу добро, ние одиме таму да дадеме се од себе и да видиме каков ќе биде резултатот од нашиот труд."
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment