Даница Патрик, неостварена желба на Берни Еклстоун
Со вклучувањето на САД ГП во Остин, Тексас, Берни Еклстоун и промоторот на оваа трка Tаво Хелмунд се сигурни дека учеството на американски возач во Ф1 шампионатот би било добро за овој спорт. Ф1 е без американски возач од 2007 година кога Скот Спид го напушти тимот на Торо Росо.
"Во однос на американски возач, ние се обидовме во таа насока, но очигледно она што недостасува е вистинскиот став. Можете да се тркате успешно во САД без огромните напори што требаат да се успее во Формула 1. Но, да се има некој како Даница Патрик во Формула 1 ќе биде совршена реклама за овој спорт."- изјави Еклстоун.
"Се разбира дека ќе биде фантастично да имаме американски возач", се надоврза Хелмунд. "Но, постои еден млад мексикански возач Перез, кој прави одлична работа во GP2 во моментов. За него САД Гран При-то би можело да биде еден вид на домашната трка, бидејќи растојанието од Остин до Мексико е само 250 километри."
_____________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment