2010 СИНГАПУР ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

24 September 2010

2010 СИНГАПУР ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР


По само две години на употреба, Марина Беј веќе се етаблира како омилена патека и за возачите и за навивачите. Да се биде во центарот на една од најпознатите метрополи во светот, како и новитетот што ова е ноќна трка, плус интензитетот на летечкиот круг ја подигаат возбудата на ниво кое е над просекот на просечните патеки. Од техничка гледна точка оваа патека бара висок downforce, и е слична на Монако и Унгарија, но амортизацијата треба да се наштелува да одговара не нејзините нерамнини и високи рабници. Претекнувањето е возможно во кривината број седум, но само ако болидот кој претекнува е многу побрз низ Raffles Булеварот. Исто така, постојат можности кај кривините 1 и 14, но тука се бара грешка од водечкиот болид.

Инаугуративната Сингапур ГП се одржала во 1961 година под името Ориент Гранд При. Во 1962 година, таа беше преименувана во Голема награда на Малезија. Греам Лоренс е најуспешниот возач во почетокот на ова Гран При. Тој бил победник по три пати со Ферари и Мекларен.

Сингапур стекна независност во 1965 година, и во 1966 година одржа свое сопствено Гран При наречено како Сингапур ГП. Ова Гран При беше забрането во 1973 година, по загриженоста за промовирање на несовесно возење. Седум смртни случаи се случиле во текот на 11 години од настанот.

За да се обезбеди видливост на оваа ноќна трка, 1600 високо волтажни светла се постави околу патеката. Со вкупно 3.180.000 вати се обезбедува ниво на осветленост од 3000 лукса. Тоа е четири пати посветло од просечен спортски стадион
.

ВОЗАЧИ:
• Џенсон Батон нема позначајни резултати на оваа патека. Никогаш не се квалификубал во Топ 10 во Сингапур.
• Луис Хамилтон е Победник на Сингапур ГП во 2009година. Тој е единствениот возач што на двете трки стартувал од првиот ред. Еднаш од Пол Позицијата и тоа во 2009 година. Поминал во водство највеќе кругови од сите возачи 52 (втор е Алонсо со 32, Маса 17).
• Михаел Шумахер никогаш не возел во Марина Беј, а овој викенд, исто така, тоа ќе биде негова прва ноќна трка. Уште еден статистички новитет во неговата богата кариера.
• Нико Розберг го постави најбрзо време на целиот викенд во Сингапур минатата година во Q2 квалификационата сесија. Но, во трката тој беше казнет со минување низ боксот за возење на белата линија на излезот од боксовите и така го загуби второто место. Има еден Пласман на подиум на оваа патека и тоа во 2008 година. Му лежи оваа патека па треба да очекуваме добар резултат од него и оваа година.
• Себастијан Ветел беше 4-ти во 2009 и 5-ти во 2008.
• Марк Вебер се уште нема завршено трка во Сингапур. Најдобар пласман во квалификациите му е 4-тата стартна позиција освоена минатата година.
• Фелипе Маса ја пропушти минатата година, но имаше возбудлива трка во 2008 година. Стартуваше од Пол Позицијата, но во трката го откорна цревото за гориво за време на пит-стопот, доби казна од возење низ боксовите, а потоа му се дупна гума. Заврши на 13-тата позиција.
• Фернандо Алонсо е Победик на Сингапур ГП во 2008 година, но подоцна беше утврдено дека неговиот тогашен тимски колега Нелсон Пике намерно предивикал судир за безбедносно возило, за тој да може да Победи. Тоа е најнеславната трка на Фернандо Алонсо.
• Рубенс Баричело својот најдобар пласман во Сингапур го има со освоеното 6-то место минатата година. Трката ја започна од 9-тата стартна позиција.
• Роберт Кубица има освоено само еден поен во Марина Беј, минатата година со 8-то место. Најдобар пласман во квалификациите му е 4-тата стартна позиција во 2008 година.
• Адријан Сутил, исто како и Вебер, никогаш не завршил трка во Сингапур.
• Јарно Трули има завршено само една трка со пласман на 12-то место, во 2009 година.
• Хеики Ковалаинен најдобриот пласман во Сингапу му е 7-то место освоено на минатогодишната трка.
• Ник Хајдфелд, повратникот во Формула 1 трките, минатата година во Сингапур ГП имаше судир што го заврши најдолгиот низ на трки без несреќа(56). Неговиот најдобар резултат на оваа патека е шестото место во 2008 година.
• Тимо Глок има импресивни настапи во Марина Беј. Минатата година заврши на второто место, а во 2008 година беше четврти.

ТИМОВИ:
• Мекларен е Победник на минатогодишната трка, и е единствениот тим кој двапати стартувал од првиот ред.
• Ферари најдобриот резултат го има со 10-тото место на Кими Раиконен освоено минатата година, и покрај тоа што Фелипе Маса стартуваше од Пол Позицијата во 2008 година.
• Ред Бул никогаш не завршил трка на подиумот во Сингапур.
• Рено беше на подиумот и на двете Големи Награди на Сингапур, иако победата од 2008 беше нарушена од страна на crashgate скандалот.
• Вилијамс единствениот пласман на Подиумот на улична трка во последните пет години го има со Нико Розберг во Марина Беј во 2008 година.

_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here