Марк Вебер вели дека не се гледа себеси како фаворит за победа во шампионатот оваа година и покрај својата предност во генералниот пласман. Австралијанецот има 11 поени предност пред Фернандо Алонсо со само четири (можеби 3) трки до крајот. Вебер не сака да биде во улога на фаворит и на Јапонското ГП оди како и на секоја друга трка, да го постигне најдобриот можен резултат.
"Мислам дека сите ние сме прилично изедначени во моментов. Редоследот може да се промени брзо, на добар начин или пак лош начин за мене. Може се да се менува многу брзо. Одиме по работ на провалијата. Но, јас сум многу, многу опуштен. Тоа е уште една трка за мене. Јас ќе дадам се од себе да освојам што повеќе поени."
"Не размислувам за Титулата. Тоа е само уште еден трка. Ќе дадам се од себе. Ако ова беше шампионат од 15 трки сега ќе бев шампион, но јас не сум. Има уште четири трки до крајот и тогаш треба да сте шампион, не сега. Бев многу брз во Турција, а потоа бев прилично добар во Силверстоун(Патеки слични на Сузука). Болидите се променија доста од тој средишен дел на шампионатот. Сите се понапред со перформансите. Ферари очекувам да бидат во самиот врв. Сите три екипи ќе бидат брзи. "
____________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment