Ова е луда година за тебе со еден преран старт, проблеми со моторот, судири. Кога знаеше дека и покрај се ќе бидеш способен да се бориш за овој шампионат?
Фернандо Алонсо: После Силверстоун. Ние направивме некои подобрувања на болидот и се чувствував добро во него. Пред тоа имавме падови и подеми, но болидот се однесуваше добро, иако не е на ниво на Ред Бул. После Силверстоун, знаејќи дека тоа е тежок викенд за нас со карактеристиките на патеката што се многу добри за Ред Бул, ние бевме прилично конкурентни. Од таа трка имав многу повеќе доверба во болидот отколку претходно. Значи, по Силверстоун бев поголем оптимист отколку пред тоа.
Колкава е вашата самодоверба сега, со оглед дека се наоѓаме на патека што треба да одговара на болидите на Ред Бул?
Фернандо Алонсо: Мислам дека нема изненадувања тука. Ред Бул Рејсинг се фаворити повторно. Карактеристиките повторно се многу добри за Ред Бул, но тоа не значи дека ќе победат на трката многу лесно. Оваа година видовме дека на некои патеки што беа добри за нив, тоа не значеше и 100 отстона победа за нив, бидејќи нормално секогаш нешто се случува. Значи ние треба да ги притиснеме.
На четири трки до крајот, можеби Сузука им одговара нив, но следните три трки се малку или повеќе непознаница, особено Кореја. Ќе биде тешко. Ќе биде тешко за нас, но се надевам и за сите други исто така. Има пет возачи во игра за титулата, Мекларен ќе бидат многу силни, јас сум сигурен во тоа, ќе форсираат многу во преостанатите трки до крајот. Тоа се уште е многу отворена борба.
Дали се сметате себе си за фаворит, бидејќи победивте на последните две трки и ја имате моќта на Ферари зад вас? Дали тоа ви помага?
Фернандо Алонсо: Мислам дека ако гледате на последните две трки, да, бидејќи победите пристигнаа во добар момент. Се чини дека треба да се задржи моментумот сега за што повеќе трки, но видовме оваа година, дека тимовите кои имаа две победи по ред или два-три подиуми во низа, после тоа имаат лоши резултати, за потоа да се вратат повторно на врвот. Никој тим не беше постојан во перформансите на шест или седум трки по ред од различни причини, така што очекуваме дека ќе има тешки моменти и за нас. Она што треба да направите е да бидете подготвен во тие моменти, да не се паничи, и да се собере што е можно повеќе поени на секоја трка. Ние знаеме дека тоа некогаш ќе биде пласман на подиумот, некогаш можеби и петта позиција, а тоа се оние моменти кога треба да бидеме обединети и да не паничиме.
Во вашите претходни битки за титулата што ги имавте се боревте со само еден друг ривал. Што мислите за оваа сезона кога постојат пет возачи во игра со четири трки до крајот?
Фернандо Алонсо: Тоа е секако подруга ситуација, затоа што сега треба да се контролираат повеќе возачи, повеќе тимови во однос на стратегијата. Борба со еден возач е полесна во однос на покривањето на него, ако тој излегува во почетокот на Q1, тогаш ќе излезеш и самиот, па ќе ги имате истите услови. Сега со пет се отвора малку повеќе простор за различни нешта и тоа е тешко да се контролира. Тешко е во поглед на стратегијата на инженерите, во смисла на стратегија на тимот, но од гледна точка на возачите, тоа не е голема промена. Се обидуваме да возиме најдобро што може во секој момент на патеката и зависиме од тоа колку е конкурентен нашиот болид. Ние секогаш даваме 100 проценти, понекогаш тоа е добро, а понекогаш и тоа е лошо, во зависност од конкурентноста на автомобилот.
Во овој момент остануваат сомневањата дека Кореја ГП ќе се одржи. Ако сте водечки во шампионатот сакате помалку трки, ако не сте водечки сакате повеќе трки. Кое е твоето мислење околу ова прашање?
Фернандо Алонсо: Јас лично мислам дека ќе има трка во Кореја. Знам дека ќе имаат инспекција наскоро, но мислам дека се ќе биде во ред. Ако не, да бидам искрен, тоа не е голема грижа за нас во моментот. Ние не сме петти и како што рековте тогаш е најлошата варијанта ако имате една трка помалку. Но, ако сте во првите три, тоа не менува премногу со овој систем на поени кој го имаме оваа година. Ќе видиме што ќе се случува.
Ако во последните неколку трки дојдете во слична ситуација како што беа Луис Хамилтон и Марк Вебер во Сингапур, дали ќе преземете ризик по секоја цена или ќе играте на безбедно?
Фернандо Алонсо: Не знам, тоа зависи од ситуацијата. Сите ситуации се единствени и тешко е да се споредат една со друга. Ако видите јасно дека имате предност во кривината и мислите дека се е во ред тогаш ќе притиснам на гаста да ја искористам ситуацијата. Ако сум во неповолна позиција во кривината, тогаш можеби ќе ја пуштам педалата за гас, бидејќи треба да се заврши трката. Марк имаше многу среќа во Сингапур. Ја видов слика на гумата, а тоа е среќа!
Во 99 проценти на инциденти од тој типот двата болиди попуштаат на гаста, а овде тоа не беше случај. Ако и двата болиди беа надвор сега ќе имавме различни коментари, а сега тоа тоа испадна лошо за Луис, а ако и двата болиди беа надвор тогаш можеби и не ќе беше толку многу лошо за Луис. Мислам дека Хамилтон немаше среќа во тој инцидент, а Марк имаше голема среќа, но никој не беше виновен.
Во споредба со Ред Бул и Мекларен, каде што двајцата возачи се борат за титулата, вие ја имате целокупната подршка на Ферари зад вас. На кој начин тоа може да биде предност?
Фернандо Алонсо:: Не знам. Мислам дека не постои голема разлика. Ако возите добро, како што тоа беше во последните две трки, позицијата на тимскиот колега не е од голема разлика, во борбата за титулата во конкуренција на возачи. Лошо е кога не сте конкурентни како што беше во Спа, каде бевме 10-ти. Важно е да се биде конкурентен на секој викенд. Ако и двата болида се на подиумот тоа е добро за мене, бидејќи многу поени се во игра, но јас не мислам дека не постои било каква посебна предност или недостаток.
Што мислите за Лука ди Монтеѕемоло и изјавата дека Фелипе Маса секогаш ќе биде број еден возач?
Фернандо Алонсо: Нема изненадување. Претседателот секогаш вели дека двајцата возачи се на врвот, и двајцата возачи секогаш ќе имаат најдобар болид на Ферари за возење и да атакуваат на победа. Тоа беше оваа година, така ќе биде следната и така ќе биде засекогаш.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment