ОД 2014 И РУСИЈА СО СВОЈА Ф1 ПАТЕКА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

15 October 2010

ОД 2014 И РУСИЈА СО СВОЈА Ф1 ПАТЕКА

Кога зад тебе стои Владимир Путин ај не потпиши

Берни Еклстоун и Владимир Путин потпишаа договор за спроведување на првото Ф1 Гран При во историјата на Русија, кое би се одржало во Сочи во 2014 година. Истата година кога ќе се одржи и зимската олимпијада исто така во Сочи. Оваа година ја имаме трка во Кореја, а трката во Русија ќе биде трета нова патека која ќе се појави во календарот по оваа сезона. Следната година во календарот ќе имаме трка во Индија, во 2012 во Остин, Тексас.


Рускиот сајт f1news.ru објави шема и слика на патеката, која се очекува да чини околу 200 милиони долари. Должината на патеката ќе биде 5.5 км и најверојатно ќе биде дизајнирана од Херман Тилке според извори на овој Руски сајт. Таа ќе биде изградена во Олимпискиот комплекс, долината Имеретија, и ќе користи делови од патната инфраструктура на истиот. Олимпискиот комплекс се уште не е изграден, што ќе овозможи подобра интеграција и пристап до патеката.
Еклстоун го посетил местото на идната патека, а по потпишувањето на договорот, заминал за Кореја, каде што следната недела ќе имаме исто така деби ГП.

______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here