Поради тоа што со Кореа ГП се среќаваме за прв пат оваа сезона, за сите фанови на овој спорт што планираат да патуваат во оваа Азиска земја еве неколу информации кои треба да ги знаете пред тргнувањето.
ВРЕМЕ
Во време на одржување на трката во Кореа, температурата се движи од 11 C° до 23 C°. Климата е блага и конфорна, ама есенско палто или џемпер е препорачливо да имате во својот багаж.
ВАЛУТА И КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ
Официјална парична единица во Кореја е ВОН. Деноминации на монетите се 10, 50, 100 и 500, додека на банкнотите се 1.000, 5.000 и 10.000 . Странски банкноти и патнички чекови може да се конвертираат во Корејски Вон-и во Банките или овластени за тоа Менувачници.
Девизниот курс зависи од пазарните флуктуации. 1 Американски долар е еквивалентен на околу 1182 Вона. Оваа информација е од август 2010 година. Повеќето кредитни картички, вклучувајќи ги VISA и Master Card(најраспростанетите во Македонија), се прифатени во поголемиот дел од хотелите, рестораните, стоковните куќи и продавници. Ако носите кеш се препорачува Американскиот долар.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Владините канцеларии се отворени помеѓу 09:00ч и 18:00ч. Најголем дел од приватните фирми отвораат помеѓу 8:30-10:00ч и затвораат во 18:00. Работно време на банките е од 9:00-16:00ч само во работните денови. Странски дипломатски мисии обично се отворени од 9:00-17:00ч исто така само во работни денови и се затворени во саботите и неделите. Имајте во предвид дека може да е затворено за време на паузата за ручек. Големите стоковни куќи се отворени секој ден од 10:30-19:30, вклучувајќи ги и неделите. Помалите продавници се стремат да отворат порано и затворат подоцна. Нешто слично и како кај нас.
ПАСОШ И ВИЗИ
Сите странски посетители кои влегуваат во Кореја мора да поседуваат валиден пасош. Посетителите кои треба да имаат виза треба да ја извадат во нивната матична земја пред заминување. За детали, на посетителите им се препорачува да се јават во најблиската корејски амбасада или конзулат.
AC/DC
Јужна Кореја користи електрична мрежа од 220 волти. Секогаш проверувајте го напојувањето пред употреба на вашата опрема.
БАКШИШ
Напојниците не се традиционален Корејски обичај. Ќе ви бидат додадени 10% на сметката во сите хотели, за сервисни услуги.
ОСИГУРУВАЊЕ
На посетителите им се препорачува да имаат сопствено патничко осигурување, бидејќи организаторите не се одговорни за лични несреќи, болести, загуби или штета на приватната сопственост.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment