Посакува три победи до крајот
Марк Вебер изјави дека нема намера да му попушта на никого и дека тој размислува само за победи до крајот на сезоната, и покрај неговите 14 поени предност во шампионатот на возачи.
"Не, не можам да мислам како да ја одбранам мојата предност. Тоа нема да биде доволно. Јас треба да работам напорно на секоја трка и да атакувам на победи. Да се има предност во поените не е лоша работа, но тоа треба да биде така и по последната трка, а до неа има многу време нели? Не се гледам себеси како фаворит за титулата. Предноста и генералниот пласман може брзо да се променат. Како што реков, треба да се биде водечки во шампионатот по последната трка, а не сега."
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, потврдува дека ако сака титула Австралиецот треба да работи напорно и дека нема да има помош од тимот. За нив двајцата возачи се во игра, па ќе направат се за двајцата возачи се чуствуваат рамноправни.
"Ние имаме сладок проблем. За тимот е фантастично што имаме двајца возачи во игра за титулата. И ние не треба да навлегуваме премногу во психоанализа за да разбереме дека ако два возачи се борат за најпрестижната титула во мотоспортот тогаш тензијата е дел од играта. Ние треба да осигураме ниту еден од нив да не се почувствува маргинализирано. Постојат уште 75 поени во игра. Ветувам дека тимот нема да се меша во трката за титулата."
___________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment